Владата се расфрла за сок и вода, a опозициските градоначалници за вработувања

by Фокус

На оваа Влада предводена од СДСМ воопшто не им доаѓа ум во глава, пред само неполн месец беа главна тема за непродуктивни трошења и луксузирање, а сега повторно гледаме дека во ек на сериозна економска криза која што граѓаните сепак највеќе ќе ја чувствуваат на своја кожа, трошат повторно милиони денари на непродуктивни работи, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Службата за општи и заеднички работи на пример на 23-ти март склучиле договор за набавка на води, овошни сокови и чаеви, во вредност од дури 7 милиони денари, потоа на 29 март склучиле договор за набавка на колонијално-прехранбени производи и пијалаци во вредност од 3.8 милиони денари. За пијалаци и колонијални производи даваат 11 милиони денари во време на криза, а велат дека штеделе – рече Арсовски.

Од СДСМ реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ измислува конскрукции за редовни набавки на стоки за државните институции, во обид, како што вели, да го дефокусира вниманието на јавноста од неработењето и неспособноста на нивните градоначалници.

„Во време на најголема светска економска криза, додека Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар го насочува кон граѓаните и компаниите, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од расипнички набавки на скапи телефони и компјутери, како и вдомување на партиски кадри во општините“, реагират од СДСМ.

Од таму истакнуваат дека градоначалничката на Скопје троши 670.000 евра за париски вработувања, додека вработените во ЈП Лајка со месеци не зеле плата.

Поврзани новости