Невреме во Скопје, пожар во напуштен објект

by Фокус

Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи доцна попладнево ја зафати Скопската котлина, поизразено во нејзините источни делови, информираат од УХМР.

До крајот на денот, како што соопштија од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, локално и понатаму со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

„И во следните часови ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме“, велат од таму.

Предмалку, напуштени бараки од поранешен објект на училиште попладнево се запалија во скопската населба Пржино, а високиот столб од чад кој се издига, може да се забележи речиси од цело Скопје.

Пожарникарите на терен се борат против силниот ветер што се заканува да го прошири пожарот врз околните куќи.

Поврзани новости