401
Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените во банката се безбедни и во добра состојба, се огласија од НЛБ Банка неколку часа по грабежот кој се случи во експозитура на поранешна Тутунска банка во скопската населба Чаир.
„Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително“, велат од менаџментот на НЛБ Банка.