НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31 мај

by fokus

Согласно барањата клиентите за продолжување на периодот за бесплатно користење на мобилното и електронското банкарство, нивна поддршка во користењето на дигиталните услуги, како и обезбедување на поголема заштита на вработените и клиентите од Корона вирусот, НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31- ви мај.

Со ова, на клиентите им е овозможено да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или компјутер, без провизија за електронски налози и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилното банкарство, соопшти банката.

-Уште еднаш, НЛБ Банка апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура, се додава во соопштението.

Поврзани новости