Нивото на Вардар трипати над просекот

by Фокус

Во текот на изминатата ноќ и изутринава се уште е значително висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, а зголемен е водостојот на реката на низводните профили во Велес и Демир Капија, информираат од Хидрометеролошкиот завод.

„Во Скопје пикот на реката е забележан 1 час после полноќ (во 01:00 часот на 18.06.2023) и изнесуваше H=195 sm, а изутринава веќе бележи намалување за 20 sm. До крајот на денов се очекува постепено намалување на водостојот на Вардар во горниот дел од нејзиното течение додека во средниот и долниот дел од течението да има зголемување на водостојот. Исто така, изутринава е забележан и минимално зголемен водостој на р.Лепенец. Сите останати водостои низ земјава се во опаѓање и тој тренд се очекува да продолжи во текот на денешниот ден.

Се уште посочуваме на внимателност во сливот на р.Вардар, каде во средниот и долниот дел од течението ќе има висок водостој во текот на денот. Генерално, се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава, но сеуште предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден“, се вели во соопштението од УХМР.

Нивото на Вардар утрово кај Јегуновце било 216 саниметри, просекот за овој дел од годината е 74 сантиметри. Кај Демир Капија мерките за утрово покажуваат 308 саниметри, просекот пак за овој дел е 123 сантимери. Драстично повисоко е и нивото на Црна Река која кај Новаци е 180 сантимери.

Нивото на Вардар и денеска и високо кај селото Раотинце каде вчера попладне реката се излеа и полави дел од куќите.

Поврзани новости