Нивото на Рајна би можело да падне под критичниот минимум и да ја загрози индустријата

by fokus

Нивото на реката Рајна деновиве може да падне под критичното ниско ниво, предупредија германските власти, што го отежнува транспортот на стоки – вклучително јаглен и бензин – во време кога Европа е зафатена од суша и енергетска криза.

„Ова е особено точно за Рајна, која има многу низок водостој, но останува прооден за помалите бродови“, рече Тим Александрин, портпарол на германското Министерство за транспорт.

Властите предвидуваат дека нивото на реката кај градот Кауб утре наутро ќе се спушти под 40 сантиметри и ќе продолжи да се намалува во текот на викендот. Иако ова е се уште над рекордното ниско ниво од 27 сантиметри во октомври 2018 година, на многу од поголемите бродови може да им биде тешко да се движат по овој дел, кој се наоѓа во средината на Рајна помеѓу Мајнц и Кобленц.

„Ситуацијата е исклучително драматична“, изјави Кристијан Лоренц, портпарол на германската логистичка компанија Ха Ге Ка (HGK).

Поврзани новости