Двата атрактивни плаца на Водно, вредни околу два милиони евра, а кои беа во скриена сопственост на екс премиерот Никола Груевски, веќе оддамна се обраснати во трева, жбунови и трња. Луксузните станови во Панорама, пак, исто така чекајќи го новиот газда, се покриени со прашина и пајажина.
Привремениот сопственик, државата, наместо да ги уновчи овие недвижнини, вредни милиони, од непознати причини се уште ги чува и не ги продава, иако пресудата за случајот ,,Плацеви на Водно”, со која беше конфискуван имотот, стана правосилна уште пред година и пол.
И додека сите очи се вперени во Агенцијата за управување со одземен имот, виновникот сепак треба да се бара во Владата, во претходната, но и сегашната, бидејќи оттаму треба да се добие дозволата за да имотот се огласи за продажба.
Од Агенцијата за управување со одземен имот се децидни дека до нив се уште не е пристигната потребната Одлука за давање согласност за продажбата на становите на Груевски, иако поминале месеци откако се обратиле со допис.
Префрлањето на имотот на име на државата одеше релативно брзо, односно тапијата беше готова во мај лани, вредноста на петте стана беше проценета во октомвири и наместо следниот чекор да биде согласност од Владата за огласување, тука запре се. И бидејќи владата на Димитар Ковачевски не го стисна зеленото светло за продажба, прашавме кога тоа ќе го стори новата на Христијан Мицкоски?
-Новата Влада, од првата седница до сега на дневен ред го немала ова прашање.
Токму од Вашиот текст објавен на 02 февруари на интернет страницата на Фокус, стои дека тогашната Влада не донела одлука по допис од директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, којшто бил испратен како сама наведувате четири месеци претходно. Со Агенција сѐ уште директорува Дритон Небиу, ни одговорија од Владата, ни одговорија од Владата.
Иако од Владата избегнувајќи го одговорот на прашањето, кога ова прашање ќе го стават на дневен ред, топката сакаат да ја префрлат кај директорот Небиу, сепак тој е дециден дека процедурата во Агенцијата е запрена бидејќи се чека на одобрение од Владата.
Проценката на петте одземени станови од Груевски беше напрвена уште минатата есен.
Вкупната вредност на апартманите е 1,9 милиони евра, а три се наоѓаат во луксузниот комплекс ,,Панорама” на Водно.
Пишува
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК