Далибор Драгијевиќ (40) ќе биде погребан денеска на гробиштата во селото Злот. Тој беше уапсен под сомнение дека им помагал на осомничените Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ да се ослободат од телото на убиената Данка Илиќ (2).
Само неколку часа пред рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Заечар тој почина во полицискиот притвор во Бор.
Според последните информации, судот во Заечар не им дозволил на татко му Радослав и на брат му Дејан да одат на погребот.
„Мојот клиент не смее да присуствува на погребот на синот. Тој е во притвор поради сомнение дека помагал во отстранување на доказите. Тој се бранеше со молчење во Обвинителството. Ќе поднесам жалба на решението за притвор“, изјави за „Телеграф.рс“ адвокатот Небојша Живановиќ, кој го застапува Радослав.
Далибор почина во полициски притвор во Бор по срцев удар. Обдукцијата потврдила дека се работи за природна смрт.
Малата Данка Илиќ беше убиена на 26 март годинава во Бањско Поле.
Телото на девојчето не е пронајдено.