Ниту Маск, ниту Цукерберг: Знаете ли кој е најпаметниот извршен директор на светот?

by Fokus

Извршниот директор на DeepMind – Демис Хасабис, е рангиран како најпаметен извршен директор во светот, зад основачот на Мета (поранешен Фејсбук), Марк Цукерберг, сопственикот на Твитер и Тесла, Илон Маск, и извршниот директор на Google, Сундар Пичаи.

„Хасабис, познат по својата двојна експертиза како истражувач и невронаучник за вештачка интелигенција (ВИ), ги збогати своите јавни дискурси со уникатен спој на знаење“, се вели во извештајот на Preply.

Онлајн коучинг компанијата направи детална анализа на јавното говорење на различни извршни директори и ги оцени на скала од 100 поени.

Интелигенцијата на извршните директори е рангирана врз основа на пет клучни карактеристики – широчина на вокабулар, читливост на текстот, критичко размислување, мерење на сложеноста на структурите на реченицата и способноста на говорникот да го поврзе својот дијалог со пошироки контексти, пренесува Investor.

Извршниот директор на DeepMind е на прво место со оценка 87,33, извршниот директор на BlackStone е на второ место со оценка 4,33, додека извршниот директор на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет е на третото место со оценка 74.

Џеф Безос е на петтото место, Цукерберг на осмото, а најбогатиот човек на светот, односно Илон Маск е дури на 16 место.

Во извештајот се наведува дека интелигенцијата проценета во нивната студија не е единствената детерминанта за успех во водење на компанија.

– Секој лидер на оваа листа, без разлика на нивниот резултат, покажа извонредни лидерски квалитети и даде значаен придонес во своите сектори – се заклучува во извештајот.

Поврзани новости