648
Ниту еден од 336-те лица со потврден случај на омикрон во Велика Британија не е примен во болница, според министерот за здравство.
Министерот Саџид Џавид изјави дека досега никој од тие лица не е примен на болничко лекување.
– Некои може да бидат асимптоматски, други ќе се чувствуваат лошо. Никој од нив досега, колку што сум запознаен, не е хоспитализиран. Бројот на потврдени случаи со сојот омикрон е 336, изјави Џавид.