Ниту еден пратеник нема да оди во изолација

by fokus

Ниту еден од пратениците кои биле во контакт со Лазе Таневски и Исмаил Јахоски нема да оди во изолација. Центарот за јавно здравје во Скопје ги заврши анкетите и проценката е дека немало ризик, објави ТВ24.

„Мерките за заштита биле почитувани, констатиравме дека нема потреба од изолација за други пратеници или вработени во собраниските служби“ – вели Александар Стојанов – директор на ЦЈЗ, за ТВ 24.

Додека Исмаил Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника, а Лазе Танески изолиран во домашни услови, како позитивни на Ковид 19, министерот за здравство препорачува Собранието да почне да работи онлајн, а истата препорака ја даде и премиерот Зоран Заев, кој најави дека владата ќе работи онлајн.

Поврзани новости