270
Досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош по експлозијата во Истанбул, информира Министерството за надворешни работи (МНР).
-Министерството за надворешни работи со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул и во вонредна функција се ставени Генералниот конзулат во Итанбул како и Амбасадата во Анкара. При евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактираат на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје, велат од МНР