Ниту еден функционер на ДУИ не завршил зад решетки, вели Таравари

by Fokus

Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека ДУИ како партија се веќе 20 години инфилтрирани во сите институции и дека поради тоа никој не може да ги тргне од власт.

ФОКУС: Тезата на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски е дека со оваа влада, всушност, владее ДУИ?

ТАРАВАРИ: ДУИ секогаш било декор во секоја влада, па, исто така, декор е и во оваа. Тие се партија, која по секоја цена сакаат да бидат на власт, бидејќи зад нив имаат многу криминал и корупција. Тие би направиле сѐ за да останат на власт.

ФОКУС: Но, очигледно е дека само нивните криминали никој не ги чепка?

ТАРАВАРИ: Кога би сакала државата да ги дисциплинира, нема никаков проблем. Кај ДУИ има убиства, кражби, криминал, но никој ништо не им може.

ФОКУС: Дури и луѓе на СДСМ завршуваат во притвор, но досега ниту еден функционер на ДУИ не завршил зад решетки?

ТАРАВАРИ: Пак ќе повторам, никој не смее да им направи ништо.

ФОКУС: Без разлика што сте повеќе албански партии, повторно немате можност да ги победите, а посебно не вака поделени и расцепкани?

ТАРАВАРИ: Не сме расцепкани. Ако во македонскиот блок постојат 30 партии и во албанскиот постојат пет, шест партии, сепак не е доволно да се победи ДУИ. Главен проблем е тоа што тие се инфилтрирани во системот.

Значи, во полициски структури, во судски структури, во инспекциски, во сите институции, во училишта, во универзитети, кои што, за жал, се премногу политизирани. Имаат секакви понуди да им дадат на граѓаните. Плус имаат огромен број вработени. Само околу 2.000 се што земаат плата и не одат на работа.

ФОКУС: Па, што прават?

ТАРАВАРИ: Тие само седат по социјалните мрежи и му рапортираат на Артан Груби што направиле, што сработиле денес, каде критикувале, како ги пцуеле активистите на другите партии.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Разговараше Ирена МУЛАЧКА

Поврзани новости