233
Љупчо Палевски – осомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, по екстрадицијата од Турција побара конкретно правно застапување, но неговите избрани адвокати одбија да го застапуваат. Поради тоа судот мора да назначи адвокат по службена должност.
Палевски за свој бранител ги побара Тони Менкиновски, Славчо Секулов и Јовица Страшевски, но ниту еден од овие адвокати не го прифати случајот.
Палевски останува во притвор, со првична мерка притвор од 30 дена. Во текот на истрагата која е во тек, Палевски изјави дека е невин, тврдејќи дека тој не ги извршил убиствата и тврдејќи дека постојат докази кои ја потврдуваат неговата невиност.