Ниски дофрлања и лекции по кривично до Адеми и тензична расправа за разрешувањето на претседателката на Врховен

by fokus

Миљазим Мустафа од Судски совет ја прашуваше претседателката на Врховниот суд Беса Адеми зошто не ги пријавила притисоците во Судскиот совет, но и дали ги пријавила до Јавното обвинителство.

Со оглед на тоа дека Адеми била судија од граѓанската област, подносителот и го објаснуваше кривичното право дека притисоците мора да се пријават до надлежните институции.

Ја праша дали ги пријавила притисоците до Јавното обвинителство на што таа одговори дека постапила според Законот.

Според него, Судскиот совет ја повикал Адеми на работна средба за да ја заштити нејзе и нејзините колеги од вакви притисоци, иако тој и поднесе иницијатива за разрешување по јавно кажување дека има притисоци.

Во еден момент додека Адеми прозборе со присутен од публика, Мустафа искоментира дека на претседателката и треба помош и од публика.

Тој и замерува што не доаѓала на седниците на Судски совет, особено на работната средба на која ја повикале да каже за какви притисоци зборува и не кажала за какви притисоци се работи.

Тој го оцени нејзиниот однос дека е игнорантски. Тој побара Адеми да биде разрешена од функцијата претседател на Врховниот суд

Адеми меѓу другото кажа и дека таа не исклучила работна средба и требало да се видат со претседателот на Судскиот совет, но и било кажано дека на колегиум се одлучило да не се остварува ваква средба.

Нејзината бранителка му се заблагодари на Мустафа за лекциите по кривично право и го праша:

-Од каде сте толку сигурен дека не се пријавени притисоците и дека институциите немаат отворено ппстапка по допрен глас, која е предистражна и тајна ако е отворена“.

Таа праша како Судскиот совет ги заштитил членовите на Судски совет кои се жалеа на притисоци.

Зефиќ рече дека членовите на Советот имаат историска шанса да ја запрат постапката против Адеми.

Додека ова го зборуваше Зефиќ, Адеми тивко коментираше дека имаат шанса со задоволство да ја разрешат.

Комисијата во рок од 15 дена треба да изготви извештај, а потоа на седница членовите на Судски да гласаат дали Адеми ќе биде разрешена.

Иницијативата беше поднесена откако Адеми јавно кажа дека судии на Врховен се соочуваат притисоци за да се оживее аболицијата на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости