Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска се јави со реакција на денешната прес конференција на СДСМ.
Таа потенцираше дека ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го нејзиното најтесно семејство.
– Толку им гори под нозе што моите политичките ривали се користат со нови лаги и измами против моето семејство. Срамно е што моето семејство станува мета на црната кампања. Нападот на моето е напад на секое друго семејство кое треба да биде и да остане светост за секој човек со морал и вредности. Тоа од друга страна ја покажува немоќта и очајот во кој се наоѓа градоначалникот на Скопје, Шилегов кој ја загуби поддршката од Скопјани, додава Арсовска.
Според неа, наместо борба за проекти и подобар стандард на Скопјани, гледаме гладијаторска битка на лажни вести и изместени морални вредности.
– Скопје ќе биде модерно, ќе чекори напред и заедно ќе создаваме нови вредности, поинакви од се друго до сега. Затоа што ние сите заслужуваме подобро од тоа што го имаме сега, додаде Арсовска.