Средбата за која многу се зборуваше меѓу поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Америка веројатно нема да се одржи.
Се очекува денеска украинскиот претседател да одржи говор пред Генералното собрание на Обединетите нации и да го претстави својот таканаречен победнички план за војната со Русија, а потоа да оствари билатерални средби со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камила Харис.
Трамп минатата недела рече дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД. Но, официјален претставник на кампањата на Трамп вчера за Политико потврди дека средбата не била закажана.
Во неделата, украинскиот претседател посети фабрика за муниција во Скрентон, Пенсилванија, клучна држава за американските избори. Еден ден подоцна, на митинг во Пенсилванија, Трамп го обвини Зеленски дека „толку многу сака демократската кандидатка Камала Харис да победи на изборите“ и го опиша како „најголемиот продавач во историјата“.