Ништо од канабис-револуцијата: Владата го повлекла предлог-законот за извоз на сув цвет

Ако пред неколку години се даваа десетици лиценци за одгледување канабис во само една година, во изминатава 2022 година биле дадени само две лиценци. Во меѓувреме, според податоците што ги обезбеди „Фокус“, 7 компании останале без лиценца во последните неколку години.

by fokus

Во Македонија ќе влезат сериозни девизи. Сто милиони евра само од осум компании, тврдеше поранешниот премиер Зоран Заев во Собранието, во април 2018 година.

Тогаш призна дека негов братучед почнал со одгледување марихуана за медицински потреби и ги повика сите што можат да вложат во овој бизнис.

Заев пред две години најавуваше профит од дури 250 милиони евра од производство на канабис за медицински цели доколку парламентот ги усвои законските измени, со кои ќе се овозможи извоз на сув цвет од канабис.

Но, наместо да расте бројот на издадени лиценци на фирми, според податоците што ги добивме од Министерството за здравство, издавањето лиценци е во „слободен пад“.

Најголем „бум“ во доделувањето лиценци за одгледување канабис се случи во времето на владеењето на Заев, и токму тој ги има потпишано решенијата со кои на компаниите им се даваат дозволи.

Но, ако тогаш имаше инфлација на лиценци, сега ситуацијата е сосема спротивна, сега има дефлација.

Според податоците што ги добивме од Министерството за здравство, оваа година, односно во 2022 година, Министерството за здравство по претходно добиена согласност од владата има издадено само две одобренија за одгледување канабис во медицински цели.

Во меѓувреме, Владата го повлекла од собраниска процедура предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со кој требаше да се извезува сув цвет и за кој компаниите протестираа и бараа Собранието да го изгласа.

Од владата за „Фокус“ потврдија дека на 9 септември минатата година, владата го повлекла предлог-законот што бил доставен на 19 јули 2021 година.

На 105 седница, одржана на 9.9.2021 година, владата заклучи да го повлече од собраниска постапка предлогот на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, доставен до Собранието на Република Северна Македонија со писмо бр. 40-7772/1 од 19 јули 2021 година, ни одговорија од Владата.

Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости