Ништо од договор во Брисел, преговорите се прекинати

by Фокус

Пред малку Алсат-м јави дека преговорите во Брисел пропаднале.

Според телевизијата прекинот доаѓа на двe клучни точки, дали треба да има преодна Влада и кој би ја водел. Двете страни до крај цврсто стоеле на своите позиции.

Дел од неофицијалните информации говорea дека Груевски се согласил изборите да ги организира техничка влада, но таа да има мандат од 3 до 6 месеци пред изборите (тоа да биде решено со измени на Изборниот законик во насока дека лидер на владејачка партија не може да биде премиер во време кога се организираат избори), што би значело дека тој ќе остане на оваа функција уште извесен период.

Од друга страна, пак, истите информации велea дека и покрај тоа што му биле понудите министерствата за внатрешни работи, финансии и транспорт и врски, Заев не отстапува од неговата позиција актуелниот премиер веднаш да поднесе оставка и да дозволи преодна влада да има подолг мандат од 3 до 6 месеци, бидејќи потребен е подолг период за да се отстранат сите слабости што оневозможуваат фер и демократски избори.

Сепак последната информација е ништо од преговорите.

 

Поврзани новости