Можно е формирање малцинска влада, изјави денеска министерката за економија Корнелија Нинова од БСП.
Пред почетокот на дебатата за гласање недоверба на владата, таа истакна дека статистиката ги побива сите измислени мотиви за гласање за економијата.
Нинова посочи на раст на БДП, инвестиции, потрошувачка, извоз, кои, според неа покажуваат подобро ниво од лани кога на власт беше ГЕРБ, кои и го поднесоа барањето за гласање недеоверба.
Според Нинова, малцинска влада е можна формула, но важно е што треба да се направи – ажурирањето на буџетот и промената на 22 закони според Планот за закрепнување и одржливост.
„Вреди да се обидеме да ги донесеме овие закони, бидејќи спротивното значи избори и немање парламент“,рече таа.
Но, доколку се изгласа недоверба, Нинова повика на формирање влада во рамките на овој парламент.