Поранешниот директорот на Клиниката за онкологија и радиотерапија д-р Нино Васев, на кој денес му се судеше во Кривичен суд за несовесно работење, дека пациент починал откако три месеци не му бил препишан лек за меланом, ги одбегна новинарите.
Тој денес влезе во Kривичниот суд како обвинет но во друг предмет кој се води против него од 2021 година, и не одговори на новинарските прашања за скандалот со злоупотребата на лекови на Клиниката за онкологија.
Јавното обвинителство во петокот почна истрага за сомнежите дека терапијата не им се давала на болните, туку дел од вработените на Клиниката им давале разреден лек, а скапата терапија ја препродавале.
Јавното обвинителство и МВР влегоа на Клиниката за онкологија за да приберат документи и докзаи потребни на истрагат, а потоа беа извршени претреси во домовите на повеќе вработени на Клиниката, меѓу кои беше и тој.
Според обивнението Васев како директор на Клиниката онкологија на пациент со меланом не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол сами да си набават лекови од соседна држава. Обвинението не открива зошто не му биле давани лекови на пацинетот.
Денешното рочиште се одложи затоа што ниту еден од тројцата повикани сведоци не се појави.