Нинџа патува кон затворот „Шутка“, сам се пријавил во Kривичниот суд

by fokus

Александар Василевски -Нинџа, еден од осомничените за насилството што се случи на 27 април 2017 година, во Собранието, утринава сам се пријавил во Кривичниот суд, дознава „Фокус“ од свои извори. Нинџа повеќе од пет месеци беше во бегство, а по него трагаше полицијата.

Во моментот Нинџа патува кон истражниот затвор, каде што ќе биде ставен во притвор.

По објавувањето на веста добивме и официјална потврда од Кривичниот суд.

-Лицето за кое прашувате самото се пријавило кај судија на претходна постапка, по што заедно со решението за притвор, кој му беше определен во отсуство, е упатено кон истражниот затвор „Скопје“, ни одговорија од Кривичниот суд.

Поврзани новости