Нинџа, Југ, Кољо и Ќосето пред насилниот упад се собрале во Дион, по што се делеле фантомките

by fokus

Неколку часа пред насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, неколкумина од обвинетите имале средба во ресторанот Дион, на кејот на Вардар.

Нивното движење го забележала камерата на Стопанска банка, која се наоѓа во непосредна близина на ресторанот. Како што објаснуваше обвинителката Ивана Трајчева, таму околу 16 часот биле обвинетите Никола Митревски -Кољо, Захарие Симовски, Горанче Ангеловски -Ќосето, Илија Славески и Александар Василевски Нинџа, но и уште две непознати лица за обвинителството.

Дел од овие обвинети постојано се во движење, односно влегуваат во внатрешниот дел на ресторанот, па излегуваат на терасата. Околу 18 часот на обвинетите им се придружува и обвинетиот Митре Питроповски. По половина час им се приклучува и обвинетиот Стефан Младеновски со кеса во раката. Потоа пристига и Игор Југ.

Според обвинителниот акт Нинџа ги набавил фантомките, а по средбата со останатите обвинети во ресторанот Дион наводно им ги поделил фантомките.

Поврзани новости