Нинџа имал два блиндирани автомобили од УБК, значка и радио станица

by fokus

Александар Василевски Нинџа, обвинет во “27 април”, иако не бил вработен во УБК, сепак дејствувал како тамошен вработен, а располагал и со ресурси од управата, односно имал два блиндирани автомобили.

-Нинџа имаше џип со петти степен на блиндираност и автомобил со седми степен на блиндираност, и двата од УБК. Исто така поседуваше и значка од УБК, но и радио станица кое го покриваше реонот на СВР Скопје. Таа беше наштелувана да се слушаат разговорите, но не и да се враќа, откри обвинетиот Михаил Младеновски  на денешното рочиште за 27 април.

Тој давајќи ја својата одбрана, а претходно и неговиот брат, Стефан Младеновски, истакнаа дека упадот во Собранието го организираче високо функционери во УБК во соработка со Нинџа.

Поврзани новости