392
Медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ја поздрави одлуката за парламентот да почне постапка за уставни измени согласно Договорот од Преспа.
Во изјава за Гласот на Америка, Нимиц вели дека особено бил воодушевен од демократскиот дух на граѓаните, како и од тоа што, објаснува тој, демократскиот систем функционирал ефективно и одговорно.
-Се надевам дека останатите чекори ќе се одвиваат лесно за да се заврши овој процес. Ги охрабрувам сите политички лидери да работат заедно конструктивно да го финализираат договорот и да продолжат со неговата имплементација – рече медијаторот.