Медијаторот во преговорите за спорот за името, Метју Нимиц по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека секогаш добивал добри совети од него.
-Го известив за моите активности во Атина и претходно денеска во Скопје во Владата , како и за напорите што ги правам во рамките на ОН за решавање на спорот за името. Се разбира тој добро го познава ова прашање и состојбата со разговорите. Тој ми го презентираше неговиот став, ставот на неговата партија и ставовите на албанската заедница. Разговаравме како би можело да се постигне решение. Ги почитувам неговите гледишта, и како и во минатото, од него секогаш добивам добар совет. Ме увери дека ќе биде конструктивна сила во поддршката на фер и разумно решение, изјави Нимиц по средбата со Ахмети.