Нимиц се сретна со Заев, во тек е средбата со Димитров

by fokus

Во Министерството за надворешни работи во тек е средбата меѓу Метју Нимиц со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, по што е предвидено да даде изјава за медиумите.

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Нимиц претпладнево во Владата имаше средба и со премиерот Зоран Заев.

Нимиц е во неколкудневна посета на Скопје на разговори со државниот врв за можностите за решавање на спорот за името.

Поврзани новости