Нимиц: Разговараме за спорот со името веќе 25 години, нема смисла да чекаме повеќе

by Fokus

Медијаторот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц по посетата на Атина, денеска доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.

Нимиц, вчера, по средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, изјави дека постои моментум и оти е време за носење одлуки. На средбата двајцата разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две седмици, ги слушнал позициите на владата и оцени дека грчката Влада е искрена и активна во решавањето на проблемот.

– Мислам дека постои моментум тука. Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед, генерално нема смисла. Разговараме за ова прашање 25 години, сите знаат кои се прашањата. Време е за носење одлуки и мислам дека сме тука – рече медијаторот по средбата со Коѕијас, без да даде конкретен временски рок, потенцирајќи дека во следните седмици ќе има разговори и потоа ќе треба одново да се процени ситуацијата.

МИА

Поврзани новости