476
Медијаторот Метју Нимиц во интервју за емисијата 360 степени на ТВ Алсат рече дека и во Скопје и во Атина не се сите среќни со неговите идеи за решавање на спорот за името, но нивната цел била да бидат сугестии до двете страни кои би ги приближиле нивните позиции.
-Дадов некои сугестии и ги слушнав позициите на двете страни. Мислам дека сега ќе се обидам да „соберам“ нешто од понуденото. Но, исто така, двајцата министри за надворешни работи имаат дијалог, добро се познаваат и мислам дека тие се луѓето, на крајот зависи од двете влади дали ќе договорат решение, истакнува Нимиц.
Тој додава дека ова дефинитивно е историска шанса за решавање на спорот со името.