Јас сум целосно посветен на разговори со добра волја за прашањето за името и лично и официјално. Процесот на дијалог за името е императив за двете земји и за мир и помирување во регионот, изјави за МКД.мк посредникот со преговорите за разликите околу името, Метју Нимиц пред доаѓањето во регионот.
Нимиц в недела и в понеделник ќе престојува во Скопје, а потоа заминува за Атина. Дипломатски извори велат од посетата на Нимиц не треба да се очекува конкретен резултат, ниту пак, да дојде со предлози за решавање на спорот, туку неговата цел е да разговара за процесот и за тоа како да се продолжат преговорите.
По средбите во Скопје со македонскиот државен врв, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, според најавите, Нимиц ќе замине за Атина, на дводневни разговори со претставници на грчката влада.