387
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, во вчерашното гостување на „Отворено“ на Алфа, не штедеше зборови да упати критики кон актуелната власт. Како што истакна тој, Македонија живее во лош период.
„Добро е што власта за заинтересира за проблем кој не мачи 25 години. Но, се друго што направија е катастрофална и историска грешка. Мислам дека живееме во период кој се окарактеризира како трагедија на македонскиот народ. Бидејќи има многу пропаганда, мислам дека треба да дадеме една дијагноза што ни се случува. Една од најавите на власта беше дека го зајакнуваат националниот идентитет, но после тоа се покажа дека тоа беше една чиста лага“, истакна Никовски.