Новиот грчки премиер, Киријакос Мицотакис, денеска ги именуваше членовите на новата грчка влада, во која министер за надворешни работи ќе биде истакнатиот пратеник од Нова Демократија, Никос Дендиас.
Што се однесува до останатите ресори, Кристос Стаикoурас е именуван за министер за финансии, Ники Керамеус за министерка за образование, Лина Медони за министерка за култура, Никос Панагиотопулос за министер за одбрана, Такис Теодорикакос за министер за внатрешни работи, Василис Кикилиас за министер за здравство…
Како што изјави портпаролот на германската влада, Стефан Зајберт, Германија се надева дека со Грција ќе ги развиваат билатералните односи со истата доверба и пријателство и дека новата грчка влада ќе се однесува конструктивно кон Преспанскиот договор, кој, како што рече, Зајберт е историски успех.