Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на својот профил на Фејсбук објави дека ќе биде санкциониран инспекторт од Агенцијата за храна и ветеринарство, за кого на социјалните мрежи беше објави видео како се изживува со јагне.
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди” објави видео снимка на Фејсбук на која тврди дека е снимен Инспектор за заштита на благосостојбата на животните во Берово. Тој е дел од поголема група луѓе снимена во куќа во која едно јагне, врзано за нозете се принесува живо на маса со повеќе луѓе кои ги забавува и жива музика.
-Згрозен од монструозниот чин на Инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ. Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда, напиша Николовски на својот профил.
Претходно „Анима Мунди“ објави дека во нормално општество не може испектор за заштита на животние да биде соучесни во нивното малтретирање. Од организацијата побараа итно покренување дисциплинска постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарств против инспекторот од ПЕ Берово и негово трајно отстранување од вршење на службена должност во институцијата.