Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти

by Fokus

Бројот на случаи на заплени во изминатите четири месеци е зголемен за 48 проценти, а соработката на национално и меѓународно ниво е значително унапредена. Изготвен е нов протокол со Бирото за јавна безбедност, а со поддршка на ОБСЕ, се со цел унапредување на меѓуинституционалното делување и жестока борба со сериозен криминал. Ова е јасен показател за нашата посветеност во борбата против пролиферација на мало и лесно оружје, истакна директорот Бобан Николовски, на Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.

На маргините на конференцијата директорот оствари средби и со претставници на CIVIPOL на којашто беше дискутирано за отпочнување на активности за вклучување на Царинската управа во заедничките центри за соработка со полицијата.

Директорот при обраќањето ја истакна и посветеноста за развој на К9 единицата како исклучителна важна за спречување на нелегалната трговија на мало и лесно оружје, при што ги поздрави активностите на ОБСЕ и донаторите за изградба на регионален К9 тренинг центар на МВР.

Од аспект на преземените активности во борбата со сериозен криминал директорот истакна дека зајакнати се и капацитетите на мобилните тимови.

Од први јули до 31 октомври мобилните тимови оствариле 85 заплени, споредбено со само 59 заплени во претходните седум месеци.

Доставен е и извештај за сериозен организиран криминал што ќе биде основа за анализа и изготвување нова Национална проценка за закани од областа на сериозен криминал.

Поврзани новости