Николовски: Заев се уплаши од протестите, инаку уште минатата недела ќе ја распарчеше Македонија

by fokus

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест пред Владата им порача на присутните дека треба да бидат горди, бидејќи, како што рече, еден мал чекор е веќе направен.

-И бидете горди еден прв мал чекор е направен. Зоран Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатата недела да ја распарчат Македонија. Беа спремни уште минатата недела да капитулираат и да потпишат нешто што Македонец не би ни помислил.  Заради вас, заради сите кои излегувате на улиците, на македонските градови и села, таков потпис гледате дека нема, се уплашија од народот, се уплашија од македонскиот народ. Благодарам и да продолжиме да сме обединети, да сме цврсти и заеднички да ја избиеме оваа битка. Затоа што ова е само почетокот, ќе се обидат пак за една недела, за две недели, за еден месец или како што Заев вели, после изборите во Бугарија кои што се во месец март ќе се обидат пак и затоа треба да сме цврсти, обединети и сплотени, да не има секаде, да го шириме овој дух и оваа енергија. Да ја чуе секој еден кој што сака да не слушне. Да допреме до секого. Да го извадиме македонското од сите наши граѓани, заеднички да си ја одбраниме државата, рече Николовски.

Поврзани новости