777
Вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски вели дека лошото рангирање на земјава на индексот на перцепција за корупција се должи на тоа што со децении работите не се менувани.
-Од 2018 година до 2020 година во државава имаме застарени 3292 предмети – кривични, граѓански, прекршочни. Ја добивме токму оваа официјална статистика која што го потврдува извештајот на Транспаренси дека токму нашиот пат во овој период не е од други области туку е во делот на судството и во делот на владеењето на правото – вели Николовски за ТВ 21.
Тој истакнува дека ќе побараат официјално од судскиот совет детална анализа колкава штета имаат предизвикано предметите, кој се е инволвиран и зошто застареле.