743
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на социјалната мрежа фејсбук објави дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ се во водство од 3 мандати.
На последната прес конференција Николовски објави победа, со водство од два мандати.
Се очекува и ново вклучување од изборниот штаб на СДСМ, од каде што ќе треба да се обрати лидерот на партијата Зоран Заев.
Гласовите се уште се пребројуваат, по што во раните утрински часови се очекува и официјална статистика од Државната изборна комисија (ДИК).