Крупни измени во Статутот се подготваа речиси два месеца, СДСМ се модернизира веќе подолг временски период, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и вицепремиер за борба против корупцијата на Сител ТВ.
-Воведена е нова целосна група или глава во самиот Статут која се однесува на непосредните избори. Тие ќе се организираат преку активна регистрација на целокупното членство кое што го имаме. Овој период ќе го искористиме да навистина покрај другото имаме целосна евиденција на членството на партијата, да ги направиме сите подготовки и веќе во април следната година со истекот на мандатот на ова раководство прво да избереме претседател на партијата на први демократски непосредни избори – рече Николовски.
Тој додаде дека за кандидатура има соодветни услови, како пет години работно искуство, односно работен ангажман и членување во СДСМ, но и еден целосен мандат на членство во Централниот одбор со право на глас.