Николовски: ВМРО-ДПМНЕ го закочи европскиот пат на земјата и ги разочара и оние кои гласаа за нив

by Fokus

Кога зборуваме за оваа влада треба да нотираме дека ги изневери очекувањата и на граѓаните кои очекуваат да продолжи европскиот пат, но и на оние кои гласаа за оваа влада. Затоа што поддршката за оваа влада беше не дека Преспанскиот договор е ремек-дело, туку се ветуваше дека преспанскиот договор ќе биде минато, дека уставното име нема да се споменува од никој од функционерите, а гледаме штанцање на стотина закони во скратена постапка само за промена на името во Северна Македонија, истакна пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во емисија на ТВ 21.

Николовски додаде дека во никој случај не станува збор за укинување на Преспанскиот договор, за договорот со Бугарија, којшто беше најмногу критикуван, плус ветувањето дека ќе се промени преговарачката рамка.

– Денеска гледаме дека Преспанскиот договор е ремек дело, воопшто не се чепка во договорот со Бугарија, гледаме дека, иако на почетокот имаше најави за промена на преговарачката рамка и ние како СДСМ кажавме да, со две раце ќе гласаме доколку се понуди подобра и поповолна позиција и доколку се обезбедат некакви гаранции, меѓутоа јасно е дека тоа е буквално купување на време, а времето го губиме и за овие и за идните генерации. Роа се потврди само неколку месеци од функционирањето и од одвојувањето на Албанија, којашто ја одржа втората меѓувладина конференција ги отвора поглавјата и ние коишто заглавивме и денеска теми ни се меѓуетничките односи, националистичките прашања, нагласи Николовски.

Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ најмногу потфрли на стандардот на граѓаните, а тука се и сите други случувања во делот на сигурноста, безбедноста, партизацијата.

Поврзани новости