Пред нас се големи предизвици, партијата мора да учи од минатото и да се подобрува за иднината, тоа што беше добро треба да го продолжиме и надградиме, а од тоа што беше погрешно да се извлечат поуки, да не се повторат грешките, смета новиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
„ВМРО ДПМНЕ се наоѓа во исклучително тешки моменти, затоа што во тешки моменти е и Македонија. Несериозниот однос кон клучните национални прашања, целосното непознавање во економијата, прогонот на неистомислениците и притисокот врз правосудниот систем и слободоумната јавност од актуелната Влада на СДСМ и коалицијата се работите на кои силно мора да се спротиставиме. Во следниот период ќе создадеме политики кои ќе ја одразуваат реалноста, но и желбите на македонскиот народ во каква Македонија сака да живее, ние сме партија на народот и секогаш ќе го слушаме неговиот глас. За тоа да се постигне потребно е и силно партиско реорганизирање, силни месни и општински комитети се срцето на партијата, треба да се препознаат слабостите и да се работи на нив, треба и да се наградат успесите и да се стимулираат“, напиша Николовски на неговиот фејсбук профил.