Николоски: Власта нема мнозинство за уставните измени, уште утре да се стават на пленарна седница

by Fokus

Денес работата на уставната комисија покажа дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под диктат. Тоа е јасно и денес сите лаги се распрснаа како меур од сапуница, вели Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ Алфа.

Toj рече дека во собраниската комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите седум гласавме против предлогот за уставни измени.

„Денес заврши пропагандата и денес се види кои се јасните ставови на сите политички партии. Во комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите 7 гласавме против, јас сум еден од тие 7 кој што гласаше против. Така што јасна е волјата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ние бараме да не се чека до 18 август, туку ако може утре, задутре да се стави на гласање на пленарна седница со цел да пропадне оваа фарса која што ја прави власта и да се види дека власта нема 2/3 мнозинство и дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е спремен да подржи уставни измени под бугарски диктат“, рече Николовски.

Николоски побара веднаш да се стави на пленарна седница предлогот за уставни измени се со цел да се види дека власта нема мнозинство, како и дека денеска уште еден пратеник од владејачкото мнозинство јасно кажал дека нема да поддржи уставни измени.

„Затоа барам од владејачкото мнозинство ако можат уште утре или задутре да ја свикаат пленарната седница, да не чекаат до 18 август за да видат сите кои се позициите на сите политички партии. И јасно е дека власта нема мнозинство. Денес и уште еден пратеник од власта кажа дека нема да гласа за уставните измени и тој е 3 пратеник од власта кој што кажа дека нема да гласа за уставните измени. Така што јасна е ситуацијата, а јасна е и народната волја која што ВМРО-ДПМНЕ ја испочитува“, изјави Николоски.

На прашањето што доколку власта развлекува и си игра со датумите за закажување на седница, Николоски рече:

„Тоа ќе го покажува само очајот кој што се наоѓа оваа владејачка структура на СДСМ и ДУИ. Но, ќе и потрошат време на Македонија. Ние предлагаме веднаш да се стави на гласање за да се види дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да го поддржи овој предлог за уставни измени. Тие уставни измени ќе пропаднат и веднаш после тоа да се распуши собранието и да одиме на брз предвремени избори на кои што граѓаните ќе можат да го кажат своето мислење“.

Поврзани новости