Николовски ветува подобар договор со Грција: Тоа ќе го направиме на првиот ден кога ќе дојдеме на власт

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, ветува нов и подобар договор со Грција. И покрај тоа што Собранието ги изгласа уставните измени, Николовски вели дека оваа државата ќе продолжи да се вика Македонија без разлика на се.

-Преспанскиот договор по референдумот е политички мртов и празно слово на хартија. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите механизми на располагање, а првиот ден кога ќе дојдеме на власт ќе направиме се, затоа што подобар договор за Македонија е возможен, Македонија да биде член на ЕУ и НАТО, а да не се промени уставното име – изјави Николовски за Ohrid news.

На прашање како би го постигнале тоа, Николовски одговара:

-Неповратни процеси нема во историјата, гледаме меѓународни договори се менуваат во согласност со потписниците, гледаме и во регионот се отвораат прашања незамисливи до сега, силна македонска дипломатија може да го направи тоа – дадава тој.

Според него Заев избегал од предвремени парламентарни избори, со оправдување дека не се во корист на заздравување на економијата.

Поврзани новости