Николовски верува дека ситуацијата со Бугарија ќе се надмине и Македонија ќе почне преговори со ЕУ

by fokus

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски верува дека ќе се надминат недоразбирањата со Бугарија и оти на крајот Северна Македонија ќе слави за храбрите одлуки.

-Сето она што го направивиме со севкупната мудрост и трпение, прво со Грција и со Бугарија со што ги надминавме споровите со соседите, потоа со тоа што станавме членка на НАТО, па на крај со согласноста на Европската унија да започнеме преговори за членство, покажува дека сме имале храброст за решавање на сите прашања, она што претходно го немал никој. Затоа сум уверен дека и оваа ситуација со Бугарија ќе се надмине и дека ќе го отвориме процесот за преговори со ЕУ, истакна вечерва Николовски во интервју за Телевизија 24.

Поврзани новости