615
Александар Николовски во вечерашното гостување на ТВ 24 изнесе сериозни обвинувања на сметката на власта. Тој тврди дека тајните служби го следат и прислушуваат врвот на ВМРО-ДОМНЕ.
-За тоа што не следат тајните служби ќе има одговорност. На овие парапортали ние гледаме дека сме следени од службите на Република Македонија. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ и нашите семејства во моментов се под физичка опсервација и телефонски следени. Алармирам во јавноста. Каде да алармирам? Како СДСМ секогаш чекор пред нас знае што ќе направиме, а тоа се од телефонски разговори меѓу функционери на ВМРО-ДПМНЕ?, вели Николовски.