Николовски: Создадовме услови да се насее сончоглед, сега е редот на земјоделците!

by Fokus

Зголеменото домашното производство на стратешките култури, како сончогледот е долгорочното решение за обезбедување на суровина за производство на масло за јадење, еден од основните производи за граѓаните. Токму затоа го форсираме Договорното производство како најдобро решение за земјоделците и преработувачите – изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски во интервју на Сител.

Според него, Владата и ресорното министерство ги обезбедиле сите услови за враќање на сончогледот на македонските ниви.

-Договорното производство на сончоглед е најдобро решение за земјоделците. Токму затоа за да ги мотивираме земјоделците, покрај редовните субвенции, 2 500 денари за набавка на ѓубриво или 40% субвенција, што е рекордно во регионот испланиравме и блзиу 100 евра од ха доколку земјоделецот оствари принос од 1,5 тона од хектар – рече Николовски.

Поврзани новости