Николовски соопшти колкава отштета ќе добијат погодените од поплавите во 2016 и 2018 година

by Fokus

За сите штети од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги поплавите во Арачиново, како и земјоделците од Преспа, ќе бидат исплатени пет милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според Николовски, на последната владина седница, во вторникот, се усвои збирниот извештај кој опфаќа 29 општини и се утврдија 10 отсто за обесштетување.

-Износот на штета што ќе биде исплатена е 300 милиони денари. На следната седница Министерството за финансии е задолжено да ги подготви одлуките за исплата и парите да бидат префрлени на општините, а оттука и на апликантите кои имале штети. Во овој збирен извештај е опфатена и Општина Ресен. Верувам дека средствата ќе бидат исплатени во најбрз можен рок. Се што требаше, Владата направи, нагласи министерот.

Тој потсети дека за обесштетувањето требало да се сменат два закона за земјоделство и за заштита и спасување, по што била донесена нова методологија, а се формирала и нова државна комисија.

Поврзани новости