584
Александар Николовски ќе биде носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четртата изборна единица и ќе му се спортивстави на Зоран Заев. Николовски најави победа.
-Предводник сум на тим кој во четвртата изборна единица ќе ја донесе обновата и овој крај ќе биде најпосакуваниот крај за живеење во Македонија. Со мојот личен кредибилитет и животен пат без црни дамки, со силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери и сите граѓани ќе го победиме Зоран Заев на домашен терен. Од изборната единица четири почнува Обновата на Македонија!, напиша Николовски на Фејсбук.