Николовски: Со интервентна мерка житото ќе се складира девет месеци

by Fokus
Влдата на денешната седница на предлог на Министерството за земјоделство донесе интервентна мерка за јачменот, односно да се овозможи подрршка за складирање од родот од 2023 година.  Ова денес го најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој денес беше во посета во Свети Николе.

 

„На денешната седница на Влада ќе се донесе интерветна мерка од Законот за земјоделство и рурален развој за складирање на пченицата и јачменот.  Со интервентната мерка се обезбедува поддршка на земјоделците за складирање на јачменот и пченицата во рок од девет месеци, а претходно оваа поддршка траела два месеца“, рече Николовски.

Тој објасни дека оваа мерка се носи преку Програмата за директни плаќања, а е со цел на земјоделците да им се обезбеди  поголема сигурност и да ги продадат пченицата и јачменот тогаш кога сметаат дека се најдобри откупните цени.

„Овозможуваме субвенционирање на складирање на пченицата и јачменот во складишните капацитети од девет месеци, што значи 120 денари по тон, од месец. Тоа е поддршка за сите земјоделци“, рече Николовски.

Владата соопшти дека донела и Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи, а со којашто покрај пченицата, се додава и јачменот како земјоделски производ за којшто ќе се овозможи да се добие финансиска поддршка за складирање.

 

 

 

Поврзани новости