656
Изборите се потребни заради целосна подготвеност на државата пред вториот бран на вирусот наесен, заради заштита на здравјето, рестарт на македонската економија, но и целосно функционални институции.
Изборите се решение! Тоа е нашата порака!, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3, Љупчо Николовски.
„Решение затоа што ќе им дадат полн легитимитет на законодавната и извршната власт, на ново Собрание и Влада.
Решение затоа што ќе создадат простор за подобра и понавремена подготовка пред вториот бран на вирусот наесен.
Решение кое гарантира најголема заштита на здравјето на граѓаните и најдобри услови за рестарт на економијата.
Никој не знае колку ќе биде голем и какви последици би донел тој нов бран на корона вирус на есен, за што предупреди и Светската здравствена организацијата.
Затоа сега е моментот, кога ситуацијата ја држиме под контрола. На државата на граѓаните и се потребни институции, функционално Собрание, политичка Влада со пренесен легитимитет од граѓаните.
Така, државата уште подобро би се справила со тоа што не чека на есен. Здравјето и животот на луѓето се најважни. Но, важна е и економијата, важни се и останатите сектори.
Колку пократко трае оваа состојба ,толку побрзо ќе се вратиме во нормала. Затоа, изборите се решение!
Уверени сме, институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето, ќе имаме 100% безбедно гласање.
Веќе 18 држави соопштија дека ќе одат на избори пред летото. Сите држави кои имаат избори оваа година ги закажуваат во овој период, затоа што тоа е одговорно, државнички.
Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, се опасни за здравјето и всушност се предлози да нема воопшто избори туку да се создаде Уставна криза.
Ние како одговорни луѓе тоа нема да го дозволиме. Мицкоски од сите страни е веќе виден како неодговорен и незрел политичар, тоа го велат граѓаните.
Ничија политичка кариера не може да биде поважна од граѓаните и нивната сигурна иднина“, рече Николовски.