Николовски: Се надеваме на консензус за изборите, не лицитирам со датуми

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ е надева дека на утрешната средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе има доволно политичка волја и разум кај сите политички партии да се изгради консензус за датумот за одржување на изборите.

„Има бројни прашања за кои што треба да се дискутира, едното е справувањето со здравствена криза, второто е справување со економската криза, трето е секако одржувањето потенцијално на избори, четврто на што ние инсистираме, одговор на овие условувања кои што Бугарија ги поставува во однос на евроинтеграциите на Македонија“, изјави денеска потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Во однос на лицитирањето со датуми, тој смета дека е несериозно денес што било да каже и рече дека на „Зоран Заев му се случува фијаско“.

„Тој кажа дека за нив посакуван датум е 14 јуни, тоа е за месец дена од денеска, а гледаме дека секој ден имаме новозаболени од корона вирусот, знаме дека период на инкубација е 14 до 21 ден, потенцијално и од овие новозаболени може да има други, тоа би било во самиот тек на кампањата, што значи во тек на изборите. Друго Европската Унија донесе одлука дека границите на ЕУ за патување и за влез и излез ќе бидат затворени најмалку до 15 јуни, а некои држави членки како Франција ја продолжија вонредната состојба до 24 јули. Тоа директно покажува дека ќе биде невозможно во Македонија да има меѓународен мониторинг на изборите доколку истите се случат како што Зоран Заев предлага на 14 јуни. И затоа не би одел со лицитација на никакви датуми денес додека не се видат сите факт“, рече Николоски.

Поврзани новости